Ракометарите на Еурофарм Работни во пресрет на новата сезона во која ќе играат  во Лигата на Шампионите каде се дебитанти но и СЕХА конкуренцијата, напроно тренираат во Маврово каде одработуваат дел од подготвките.

Стевче Алушовски и стручниот штаб на располагање има 24 ракометари кои конкурираат за место во тимот каде ќе се работи во две фази во Маврово. Целта на Алушовски е подобрување  на тимскиот дух, се чини успева во тоа ако се цени според фотографиите од подготовките кои се во тек.