Денеска четвртфинале на Мундијалот во Египет, македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов повторно на „работа“, стандардни и меѓу најдобрите, ќе ја делат правдата на мечот Шпанија – Норвешка од 20-30 часот.

За најдобрите македонски судии ова е осми натпревар на Мундијалот каде судат без грешка, на Шпанија како и на Норвешка ќе им судат по втор пат на светското првенство.

Досегашни натпревари на Начевски и Николов на СП во Египет:

Тунис-Полска (28:30), Хрватска-Катар (26:24), Русија-Словенија (31:25), Шпанија-Унгарија (36:28), Јапонија-Данска (27:34), Исланд-Норвешка (33:35) и Египет-Белорусија (35:26).