Најдобриот ракометен македонски судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски вечерва ќе ја делат правдата на дуел од 4 група на Мундијалот во Египет, група во која игра и Македонија.

Начевски и Николов ќе го судат мечот меѓу домаќинот Египет и Белорусија, за нив ова е четврта средба на светското во Египет, а вкупно шести на стап на Мундијалите.

Белорусија последниот противник на Македнија во недела, инаку на табелата во моментов има 2 бода, Египет е со 4 бода, нема право на грешка.

Средбата Египет-Белорусија започнува од 18 часот.