Вардар со пораз ја завршува групната фаза во својата најлоша сезона во Лигата на шампионите последниве години. Со 36: 32 подобри во Арената Јане Сандаски беа Мешков Брест.

Кај победниците најмногу се истакна Ваилупау со 12 голови, го следеше поранешниот вардарец Сташ Скубе со седум, пет пати стрелаше Паниќ, три гола зад своето име запиша Врањеш, по два пати прецизни беа Шумак, Малуш и Обрановиќ, а еден го постигнаа Пачковски и Томашук.

Кај Вардар со 8 годла најдобар стрелец беше Дибиров, го следеше Гаџа со 7 гола, по 4 имаа Калараш и Чупиќ, по 3 Стоилов и Талески, по еден имаа Дисингер и Георгиевски.

Вардар групната фаза ја заврши на претпоследната седма позиција со само две победи и девет бода. Во осминафиналето за противник ќе го имаат моќниот унгарски великан Веспрем.