ЕХФ ги објави шеширите за утрешната ждрепка за групната фаза во Лига Европа. Металург се најде во шеширот 6, Еурофарм е во третиот.

Ждрепката ќе биде полудирегирана, па двете македонски екипи не ќе можат да се најдат во иста група, а истата ќе се одржи утре во Виена, со почеток во 11 часот.

Шеширите за утрешната ждрепка:

Шешир 1: Адемар Леон (Шпа), Нимс (Фра), Магдебург (Гер) и Татабања (Унг)

Шешир 2: Висла Плоцк (Пол), Динамо Букурешт (Ром), Кадетен Шафхаузен (Шва) и Алингсас (Шве)

Шешир 3: Еурофарм Пелистер (МКД), Чеховски Медведи (Рус), Татран Пешов (СВК) и Бешикташ (Тур)

Шешир 4: Феникс Тулуз, Монпелје (Фра), Фуксе Берлин (Гер) и Р.Н.Левен (Гер)

Шешир 5: Фиверс (Авс), Нексе (Хрв), ГОГ (Дан) и Спортинг Лисабон (Пор)

Шешир 6: Металург (МКД), Тримо Требиње (Сло), Кристијанштад (Шве) и ЦСКА (Рус)

Секоја од екипите во групната фаза ќе одигра по десет средби, пет дома и пет на гости, а најдобрите четири екипи од секоја група ќе продолжат во осминафиналето, додека за последните две екипи од секоја група натпреварувањето ќе биде завршено со крајот на групната фаза.

Натпреварите во групната фаза ќе почнат на 20 октомври 2020 година.