Вардар ги доби датумите за средбите со ПСЖ и Порто во Лигата на шампионите, две тешки гостувања за само 3 дена за црвено-црните на 1 и 4 декември.

Вардар 1961 ќе го одигра својот заостанат натпревар од ЕХФ лигата на шампионите против ПСЖ на 1 декември 2020 во Париз. Клубовите во соработка со ЕХФ договорија нов термин, откако претходно средбата беше одложена поради два случаи на заразени членови на Вардар, а беше планирана за крајот на октомври.

Истовремено направена е промена и на терминот за средбата со Порто, исто така гостински натпревар што сега ќе се одигра на 4 декември. Овој меч првично беше планиран за 3 декември. Но, откако беше договорено дека прво Вардар 1961 ќе игра во ПСЖ на 1 декември, договорено е средбата во Португалија да биде поместена за 1 ден.