Еурофарм Пелистер со четири гола негатива замина на полувреме на гостувањето во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен.

По првите 30 минути, Швајцарците водат со 16:12, на крилата на Барток кој постигна четири гола, по два имаат Гербл, Марос, Шелкер, Швид и Томинец, по еден гол имаат Фримел и Томинец.

Кај битолчани со 3 гола најдобро се покажаа Граџан и Периќ, а по еден имаат Костески, Мандалиниќ, Ојлески, Радовиќ, Стјепановиќ и Велковски.

Поради проблеми со визата во Швајцарија не отпатува првиот голман на битолчани Хендави, па ќе мора овој меч да го завршат без неговата поддршка.

Избраниците на Жељко Бабиќ веќе имаат обезбедно пласман во елиминациите, но доколку сакаат да бидат на втората позиција мора да победат