Вардар вечерва од 20:45 го игра првиот меч на домашен терен сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите против Мешков Брест.

По нерешените 27-27 со Елверум на гости, црвено-црните сакаат прва победа во елитното натпреварување.

Мешков во првото коло загуби од Кил со 33-30, Вардар е мал фаворит на утрешната средба, а особено важно е што ќе играат пред публика, во ограничен број,  Комити се мобилизираат, вечерва ќе  дадат силна поддршка на македонскиот шампион.

Познат е и составот со кој Вардар ќе напаѓа денеска.