Еурофарм Работник не успеа да ја искористи позитивната енергија која завладеа во соблекувалната по победата над Веспрем. ППД Загреб славеше со 24:23 во 5 коло од СЕХА лигата.

Во израмнет натпревар, домаќинот ја искористи предноста на домашниот терен за конечна победа од еден разлика. По првото полувреме беше израмнето 11:11 иако нашиот тим имаше предност од 7:4.

Загреб завршниот удар го зададе во последните пет минути во кои успеа да одржува предност од најмалку еден гол.

Најефикасен за Еурофарм Работник беше Јотиќ со пет гола, Остроушко постигна четири гола по три постигнаа Маџовски и Граџан. Митревски на голот имаше шест интервенции.

Во следното коло во СЕХА лигата, Еурофарм Работник ќе му гостува на Мешков Брест.