Еурофарм Пелистер и Металург  одиграа само 8 минути на првиот корона пријателски натпревар, мечот беше прекинат поради лизгав под во салата во Маврово.

Двете екипи се договорија на прекин  за да се избегнат несакани повреди, па натпреварот беше прекинат уште на почетокот.

Во моментот кога се случи прекинот во водство беше екипата на Металург со 4:2.