Избраниците на Зоран Кастратовиќ го одработија единствениот тренинг во Велење за утрешната пресметка против Горење Велење во третото коло од ЕХФ Купот.

Металурзиите имаа можност да истрчаат во „Рдеча дворана“ каде утевечер од 20 часот ќе играат против вице шампионот на Словенија.

На денешниот тренинг присуствуваше и новото засилување Велков Марковски додека поради повреда за овој меч не е во комбинација Дејан Пецаковски.



Реваншот од овој меч е закажан за 24 ноември а ќе се игра во „Јане Сандански“.