Поранешниот тренер на Вардар и репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалез го прати својот помошник Јота Гонзалез во „извидница“ во Скопје на мечевите на СП за јуниори кои се играат во СЦ „Јане Сандански“  и СЦ „Борис Трајковски“.

Многу познати лица има во овие две сали денеска на отварањето на натпреварите  на Мундијалот во Македонија, еден од нив е  и Јота Гонзалез, помошник на Раул во ПСЖ.

Светското ракометно првенство за јуниори е голам шанса за скенирање на таленти од светот, сите се тука во Скопје, затоа и многу познати лица од ракометот на трибините во двете сали.