Европскиот првак Вардар на денешното гостување во Белорусија ќе настапи без Кристијан Дисингер. Тој иако отпатува со тимов сепак не е доволно подготвен за да истрча против Мешков.

Добра вест за црвено-црните е враќањето на Даинис Кристопанс кој поради повреда не настапи на последните два меча од ЛШ.

На првото овосезонско соочување на Вардар и Мешков Брест во Скопје, нашиот тим победи со 36:31.