Французинот Робин Кантегрел е новиот голман на РК Вардар кој со клубот има потпишано две годишен договор, до 2022 година.

Во таборот на црвено-црните доаѓа од Сесон Рен. Овој чувар на мрежата има 25 години, кариерата ја започна во Нант, а потоа се пресели во Понто Комбо од каде прејде во Сесон Рен.

За репрезентацијата на Франција Кантегрел има симболичен број на настапи, играше во квалификациите за ЕП против Португалија, беше на поширокиот список за последниот континентален собир.

РК Вардар на Фејбук му посака добредојде на својот нов играч.