Европскиот првак Вардар не ја оствари зацртаната цел на Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија. Црвено- црните беа елиминирани од Кил со 30:34 во воведното полуфинале на неофицијалното светско клупско ракометно првенство во организација на ИХФ.

За разлика од играта во првото полувреме во кое вардарци играа рамноправно а на пауза заминаа со негатива од два гола (19:17), во вториот дел гледавме многу поразличен ракомет.

На стартот од второто полувреме, Кил продолжи во силен ритам по што направи серија од 7:0 и дојде до предност од 20:27 а потоа истата ја зголеми и на десет гола разлика. По ова Вардар не успеа да се врати во вистински ритам.

Најефикасни за РК Вардар беа Дибиров, Шишкарев и Чупиќ со по пет гола.

Голманот на Кил, Ландин беше прогласен за играч на натпреварот откако забележа 12 одбрани во клучниот дел од средбата.

Кил во големото финалето на Супер Глоуб ќе игра со победникот од дуелот на Ал Вехда и Барселона, додека Вардар ќе го чека поразениот за дуел за третото место.