Македонската женска ракометна репрезентација загуби до Романија со 35:20 во баражаот за пласман на следното Светско првенство со што завршија шансите за пласман на континенталниот собир по поразот во Романија со 35:20.

Ракометарките на Симе Симовски немаа сила за подвиг во пресметката со Романките, по првото полувреме противникот водеше со 18:10 а во второто полувреме постигна седум гола повеќе од Македонија.

За Романија се издвои Моиса со осум гола, Јагану, Пинтеа и Базалиу постигнаа по четири.

За Македонија најефикасна беше Ѓорѓиевска со шест гола, Ливриниќ застана на четири гола.



Македнија по трет пат не успеа да обезбеди пласман на СП во мундијалските баражи, претходно за нас кобни беа Шведска и Словенија.