Европскиот шампион Вардар утре ги продолжува натпреварите од Шампионската лига и тоа на тешкото гостување кај германскиот гигант Кил. Голем дел од љубителите на ракометот се разочараа непосредно пред овој дуел, откако МТВ објави дека утрешниот меч нема да биде пренесуван на националниот сервис.

Тие најавија дека МТВ ќе продолжи со преносите на Вардар од елитното натпреварување, но само од мечевите кои ќе се играат во СЦ „Јане Сандаски“, а тоа се дуелите против Мотор Запорожје и Монпелје ма 15, односно на 29 февруари.

 

Важно известување !Во продолжение од сезоната во ракометната ЛШ, Македонската Телевизија ќе ги пренесува САМО…

Gepostet von Спорт на МТВ am Dienstag, 4. Februar 2020