Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за собир за претстојните натревари со репрезентацијата на Црна Гора во рамки на ЕХФ неделата за „EHF EURO CUP 2022“.

Од листата отпаднаа  Марија Јанкуловска од Пелистер, Магдалена Тошевска од Вардар, Мила Пешиќ од Гутерслох, , Милица Николиќ од Металург и Сара Богоеска од Деспина.

Собирот е закажан за ден 30.09.2021 година со почеток во 12:30 часот, ракометарките од странските клубови ќе се приклучат на собирот по завршување на нивните обврски во ракометните клубовите.