Вардар против Кил, билетите пуштени во продажба а дилемата на дел од спортската публика на социјалните мрежи беше кои е полицаецот кој чека ред за билет за натпревар на црвено-црните.

На официјалниот Инстаграм профил на РК Вардар, денеска беше споделена фотографија со која воедно е најавена и продажбата на билетите за натпреварот со Кил од Лигата на шампионите.

Меѓи коментарите, стои и на извесен Бранко Ангелов.

„Ова е слика од првиот ден на пуштање на сезонските билети. Полицаецот сум јас, кој најнормално си дојде и си застана на ред и си чекаше да си купи билет без да ја злоупотребам мојата служба, АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕ…“ – пишува во коментарот на популарниот полицаец.