Поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски со кого го остваривме историското 5-то мсто на ЕП во Србија,  по една година и пет месеци го напушта кормилото на Доброгеа Суд Констанца.

Романскиот тим на социјалните мрежи ја потврди информацијата дека спогодбено го раскинале договорот со Шундовски и му се заблагодари за успесите со клубот.

„Сакаме да објавиме дека Звонко Шундовски повеќе нема да биде тренер. За една година и пет месеци соработка имавме прекрасни моменти со него и му се заблагодаруваме за успесите. Исто така му честитаме за тоа што го направи во ракометот. Разделбата со Звонко беше на пријателски начин и му посакуваме многу среќа“, стои во објавата на Романците.

Salutare, fani HCD! Va anuntam ca, incepand de astazi, Zvonko Sundovski nu va mai fi antrenorul nostru. Despartirea…

Gepostet von HC Dobrogea Sud Constanta am Donnerstag, 3. Oktober 2019