Селекторот на нашата женската сенирска репрезентација, Симе Симовски е нов тренер на ЖРК Куманово. Ова денеска го потврдија од македонскиот прволигаш и актуелен освојувач на националниот Куп.

Со оваа одлука, раководствот на на ЖРК Куманово само ја потврдува најавената амбиција за новата натпреварувачка година.

Симовски потпишал едногодишен договор со ЖРК Куманово со можност за дополнително продолжување на соработката.