Симе Симовски, селекторот на женската ракометна репрезентација го објави поширокиот список со 35  ракометарки за квалификациски турнир за пласман на Светското првенство во 2021 година.

Конкуренцијата за дуелите против Исланд, Литванија и Грција е голема, натпреварите со овие слекции ќе ги одиграме од 19 до 21 март.

Натпреварите ќе се играат во Скопје по следниот редослед:

19.03.2021 Македонија – Исланд

20.03.2021 Македонија – Литванија

21.03.2021 Македонија – Грција