Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20-30 часот се среќава со Шведска, селекцијата на „трите круни“ важи за фаворит на средбата, но само до почетокот на натпреварот.

Македонија подмладена но супер мотивирана за успех, немаме што да загубиме а можеме да добиеме многу, смената на генерации им даде шанса на младите ракометари  да се докажат на Мундијалот во Египет.

Репрезентацијата е сместена во Хотел Мериот во Каиро, голманот Никола Митревски објави фотографија на Инстаграм.