Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски состави тим на соработници за наредниот период. Меѓу нив изненадувачки се најде и голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски кој е назначен за советник за спорт на првиот човек на најголемата опозициска партија во земјата. Борко на својот Фејсбук профил ја потврди информацијата и изјави дека чест е да се биде дел од стратешкиот тим на Мицкоски.

Чест,задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и…

Gepostet von Borko Ristovski am Donnerstag, 3. Oktober 2019

„Министерот за одбрана’, моментно е член на Бенфика. Почетоците на неговата сениорска кариера се врзани со екипата на Македонија по што настапуваше и за Вардар, Металург, Теукро, Алгесирас, Гумерсбах, Ал Ахли, Кретеј, Рајн Некар Левен и за Барселона. За македонскиот национален тим одигра 124 натпревари.