„Ако ракометот е твојот сон, ајде заедно да го сонуваме, да се забавуваме, дружиме, да создаваме камперски спомени“, со овие зборови капитенот на националниот тим и најдобар македонски спортист Кирил Лазаров и КМГ Спорт, агенцијата која стои како логистичка поддршка на настанот го најавуваат шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ кој од 19 Јуни до 01 Јули ќе се одржи во прекрасниот Охрид.

Камп кои ги урива сите рекорди кога е во прашање неговата организација и реализација. Камп на капитенот на македонскиот национален тим, најдобар македонски спортист, најдобар стрелец на сите времиња, најдобар десен бек, нашата гордост Кирил Лазаров.

Изминатите пет години на кампот „Кирил Лазаров 7“ поминаа повеќе од 1400 учесници, голем дел од Македонија но и ракометари од цела Европа. Интересот за овој настан за млади категории кај децата кои се на самиот страт со ракометната „азбука“ но и оние кои повеќе години тренираат ракомет постојано расте.

Кампот и оваа година ќе се одржи во Охрид, во спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина“, во две смени стартувајќи од 19 Јуни до 01 Јули 2020 година. Кампот е еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба од повеќе аспекти и насоки во делот на спортот.

Сите заинтересирани повеќе информации ќе најдат на официјалните медиуми на кампот, нивната Веб страна http://bit.ly/3b8CTNC   и фејсбук страната www.facebook.com/handballcampkirillazarov7  .