Сега веќе поранешниот ракометар на Вардар, Сташ Скубе веднаш најде нов клуб. Словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе по крајот  ќе се пресели во Белорусија во тимот на Мешков Брест со кои потпиша договор до 2022 година.

Тој покрај Брест имаше понуда и од Бундеслигашот Хановер, но тој ја прифати понудата на белорускиот тим. .

🔥 Бомбический! Космический! Нереальный! ТРАНСФЕР! 💙

Gepostet von БГК им. Мешкова am Mittwoch, 8. April 2020

Скубе дојде на мала врата во Вардар, но со неговите игри се етаблираше за многу кратко време како легенда на „црвено-црните“ и беше еден од најзаслужните за титулата минатата сезона во Лигата на шампиони.