Македонскиот прволигаш, РК Охрид го одржа првиот собир под водство на Раде Стојановиќ. Учесникот во Суперлигата ги започна подготовките со новиот тренер пред заминувањето во Тузла каде ќе учествува на контролен турнир.

РК Охрид неодамна се засили со голманот Даниловски, Марин Манасков пристигна од Пролет како и со пикерот Кристијан Анастасовски и десниот бек Дејан Гошески.

Пред почетокот на новата сезона најавени се уште неколку засилувања за екипата предводена од Раде Стојановиќ.