Повеќекратниот првак на Македонија, РК Металург ќе ги продолжи подготовките за новата сезона во полн состав.
Ова откако во „Автокоманда“ пристигнаа странските засилувања па со ова тимот на Зоран Кастратовиќ е комплетен.
„Во текот на викендот пристигнаа сите странци, меѓу кои и нашите нови петмина ракометари, кои ја засилија екипата во текот на ова лето. Денеска дресови задолжија Рниќ, Тарабокија, Потиќ, Канкараш и Хорват. Утрешниот попладневен тренинг Металург ќе го одржи на фудбалското игралиште во Автокоманда во комплетен состав. Тренингот ќе почне во 18.30 часот.“ – велат од РК Металург.
ФОТО: РК Металург
Comments are closed for this post.