Машката ракометна репрезентација на Македонија немаше баш голема среќа на ждрепката денес за состав на групите за ЕУРО во Унгарија и Словачка.

Македонија ќе игра со селекциите на Данска, Словенија и на Црна Гора во рамки на А-групата.

Данска беше наш противник во квалификациите, ги победивме со Кире Лазаров на чело, но сега ситуацијата е поинаква.

Словенците имаат супер квалитетна репрезентација која атакува на висок пласман на ова ЕУРО.

Македонија ќе игра во Деберецин, пласман во главната фаза на ЕП ќе обезбедат прво и второпласираните селекции од сите шест групи.

ГРУПА А (Дебрецин): Словенија, Данска, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора.