Ракометарите на македонскиот прволигаш Тинекс Пролет и официјално ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Тренерот на Тинекс Пролет, Никола Матлиески денеска за прв пат ги собра играчите кои го одработија и воведниот групен тренинг.

„Откако во изминатите денови се тренираше индивидуално и во мали групи согласно протоколите, Матлиески денеска ги собра на едно место сите ракометари кои ќе ги бранат броите на нашиот клуб во сезоната 2020/21. Тинекс Пролет од почетокот на оваа сезона се враќа на клупската политика да настапува исклучиво со домашни ракометари. Во тој правец, летово беа ангажирани две засилувања, Дејан Пецаковски и Давор Палески, кои ќе ни бидат од голема помош за остварување на зацртаните цели – освојување на едно од првите три места во групата и влез во плејофот.“ – соопштија од Тинекс Пролет.


Прволигашот ќе тренира во Скопје до 15 август по што ќе замине на висински подготовки во Маврово.