Ракометниот суперлигаш Тинекс Пролет се засили со ангажманот на Ѓуро Мујиќ, лев бек кој пристигна од екипата на Олимпијакос.

Мујиќ е актуелен репрезентативец на Грција, кој дебитираше за националната селекција на нашиот јужен сосед во јануари, на квалификациските дуели со Кипар и со Грузија.

Мујиќ е роден во 1992 година во Нови Сад, но уште во раното детството со семејството се пресели во Грција. Кариерата ја почнува во Диомидис Аргус, клуб каде настапувал до 23-годишна возраст. Потоа се пресели кај германскиот третолигаш Аурих, од каде пак оди во Италија, во екипата на Гаети.

 

Подоцна Мујиќ реши да се врати назад во Грција и потпиша договор со Олимпијакос и последните две сезони го мина во таборот на „црвено-белите“ од Атина, за да сега му се приклучи на Тинекс Пролет.

Грчкиот репрезентативец има освоено две шампионски титули во Грција и еден трофеј во Челинџ-купот со Диомидис, додека со Олимпијакос има по еден трофеј во грчкото првенство и еден во Купот на Грција.