Ракометарите на Вардар 1961 денеска во18:45 ќе истрчаат против Веспрем во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Алушовски има една и еднствена задача, да ги мотивира своите ракометари кои беа под секоја квалитативна граница на претходното соочување со тимот каде што настапува Дејан Манасков.

Во тимот на Вардар 1961 недостигаат Филип Талески и Робен Кантегрел. Кај гостите во составот на Давид Дејвис недостигаат, Маркусен, Маргуч и Лекаи.

Веспрем на гостувањето во Скопје кај Вардар 1961 на воведниот осминафинален дуел победи со 41:27.