Вардар1961 ги почна подготовките за новата сезона. Вардар1961 го одработе првиот тренинг на Златибор, Србија каде екипата ќе се подготвува во следните десет денови. Ќе се работи на физичката подготвеност и на воигрување на новите играчи кои сезонава ќе играат за „црвено-црните“.

Вардарци, ќе останат во Србија 10 дена, а потоа ќе се вратат во Скопје да ја темпираат формата за новата сезона.