Во вечното дерби во македонскиот ракомет, Вардар славеше против Металург во Суперлигата со 27:31.

Иако Црвено-црните ја имаа фаворитската улога и истата ја оправдаа, Металург денес одигра одличен меч во Автокоманда.

Дека беа достоен противник покажа и резултатот на полувреме кој беше изедначен 15:15.

Во вториот дел Вардар ја презема играта во свои раце и остави простор да се одлепи од противникот,  иако, Металург успеа да се доближи и до еден негатива. Сепак, конечниот резултат беше во полза на Вардарци кои славеа со  27:31.