Вардар ја запиша првата победа во Лигата на шампионите, совладан Мешков Брест со 35-27, на полувреме црвено-црните водеа со 19-13.

Блесна Кевин Њокас кој запиша 8 гола, од исто толку обиди, беше најдобар на паркетот во СЦ „Јане Сандански“, едноставно непогрешлив.

Вардар делуваше сигурно против Мешков, сосема заслужено стигна до победа, во која со Моралес и Дибиров учествуваа со по 5 гола, а вкупно 11 различни играчи ја погодија мрежата на противникот.

Голманот Мартин Томовски запиша 11 одбрани, а резеревниот голман Сафар од Кувајт запиша и гол  за Вардар.