Изминатите неколку дена Европскиот и македонски ракометен првак, Вардар започна да го составува ростерот за следната сезона, откако доведе неколку засилувања. Меѓу нив е и ракометарот на Порто Мигел Мартинс, кој треба да стави потпис со „црвено-црните“, но португалскиот клуб не сака да слушне за разделба со 22-годишниот ракометар.

Весниците „Рекорд“ и „О Жого“ пишуваат дека иднината на Мигел Мартинс е во Порто, а наводоно и самиот ракометар сака да остане во клубот со кој има договор до 2023 година.