Македонскиот првак Вардар 1961 освен победата против Металопластика и пласманот во четвртфиналето од СЕХА лигата денес и официјално се збогуваше со осум ракометари и со тренерот Алушевски.

Од поранешниот европски шампион си заминуваат Јосип Векиќ, Васко Шеваљевиќ, Робин Кантегрел, Ловро Јотиќ, Марко Кизиќ, Кристијан Дисингер, Глеб Калараш и Иван Чупиќ.

Вардар од следната сезона ќе има нов тренер, а тоа е Веселин Вујовиќ, додека како засилувања ќе пристигнат Мартин Томовски, Дарко Ѓукиќ, Али Сафар, Едуардо Гурбиндо, Жереми Тото и Анте Кудуз.