Европската куќа на ракометот (ЕХФ) денеска со ждребка ги одреди групите за новата натпреваруачка сезона во Лигата на шампионите каде Македонија и оваа сезона е со два претставника, европскиот и македонски ракометен шампион Вардар и битолски Еурофарм Работник кој е дебитант во елитното натпреварување.

Европскиот шампион одбраната на титулата ќе ја започне од групата Б, каде ќе биде со екипата на унгарскиот Веспрем, полскиот Виве Киелце, белорускиот Мешков Брест, украинскиот Мотор, францускиот Монпеље, португалскиот Порто и германскиот гигант Кил.

ГРУПА А: ПСЖ, БАРСЕЛОНА, ФЛЕНСВУРГ, АЛБОРГ, ПИК СЕГЕД, ЗАГРЕБ, ЕЛВЕРУМ И ЦЕЉЕ ПИВОВАРНА ЛАШКО

ГРУПА Б: ВАРДАР, ВЕСПРЕМ, ВИВЕ КИЕЛЦЕ, МЕШКОВ БРЕСТ, МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ, МОНПЕЉЕ, ПОРТО И КИЛ

Дебитантот во оваа натпреварување Еурофарм Работник е во групата Ц заедно со Татран Прешов од Словачка, Савенхоф од Шведска, Кокс од Финска, Видаос Ирун од Шпанија и португалскиот претставник Спортинг Лисабон.

ГРУПА Ц: ТАТРАН ПРЕШОВ, САВЕНХОФ, КОКС, ЕУРОФАРМ РАБОТНИК, СПОРТИНГ ЛИСАБОН И ВИДАОС ИРУН

ГРУПА Д: ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ, ДИНАМО БУКУРЕШТ, КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН, КРИСТИЈАНШТАД, ВИСЛА ПЛОЦК, ГОГ