Европскиот и македонски шампион, Вардар, го освои третото место на Супер Глоуб, победи во малото финале над Ал Вехда со   30-26.

Вардар не го одигра првото полувреме на потребното ниво, резултатот беше нерешен, 16-16, во првите 30 минути „црвено-црните“ само еднаш имаа предност 14-13, полувремето го завршија без предност.

Во вториот дел, македонскиот шампион стигна до предност на почетокот со 18-17, задржа во текот на сите втори 30 минути, во еден момент имааи пет голови предност, 28-23 и на крај запиша победа четири разлика.

Најефикасни кај Вардар, Иван Чупиќ со седум голови, Криштопанс постигна шест, Гедбане имаше 13 интервенции на мечот.