Вардар со одлична игра во вториотдел го скрши Мотор Запорожје  со 44-37 во СЕХА лигата и се зацврсти на првото место во групата.

Актуелниот шампион во СЕХА немаше проблеми со тимот од Украина кој пружи достоен отпор во првиот дел по кој Вардар имаше гол предност 20-19.

Одличен почеток на Вардар во второто полувреме, во 39 минута имаше позитива од пет голови, 28-23, успеа да ја задржи до крајот на мечот  и да ја зголеми со конечни  7 разлика.

Најефикасни кај Вардар, Тимур Дибиров со 11 голови, Чупиќ постигна 9,Шишкарев мечот го заврши со 7 постигнати голови.