Европскиот шампион во ракомет, Вардар и веќе традиционалниот партнер за опрема  „Хумел“, беа дел од фото сесијата за новиот каталог.

„Хумел“ се реши за својот нов каталог на опрема годинава повторно реши да го користи Вардар и играчите.

За таа цел екипа на Хумел допатува во Скопје и ги следеше тренинзите на Вардар, ги фотографираше  играчите а потоа избраа тројца ракометари кои имаа специјална фото сесија.

Екипата на Хумел беше пријатно задоволна од одличните услови што Вардар ги има во СЦ „Јане Сандански”, од фан шопот што се наоѓа во склоп на салата и каде се продаваат дресови, опрема и други навивачки реквизити.