Веспрем продолжува со засилувањата, па после Даниил Шишкарев од Вардар и Патрик Лигетвари од Ла Риоха, се засили и со левиот бек на Силкеборг Николај Маркусен.

Високиот Данец (211 см) е дојден во Веспрем на барање на тренерот Давид Дејвис.

Со доаѓањето на 31-годишниот Маркусен, Веспрем значително се засили на левата бековска позиција, каде веќе го има бомбардерот Вуко Борозан, уште еден дојденец од Вардар.