Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, искусниот Владимир Глигоров го засили тренерскиот кадар на РК Металург.

РК Металург го потврди ангажманот на Глигоров кој ќе работи со помладите категории на клубот.

„Владимир Глигоров е новиот тренер на младинската екипа на Металург. Глигоров како професионален ракометен тренер, професор по физичка кулутра и спортско образование, долги години е на чело на повеќе македонски клубови стартувајќи во РК „Скопје“ на стартот на ’90-тите, преку Вардар и Металург кај мажите и Кометал Ѓорче Петров кај жените, а последните години реализирајќи и интернационална кариера во Либан и Саудиска Арабија“.

 

Владимир Глигоров е новиот тренер на младинската екипа на Металург. Глигоров како професионален ракометен тренер,…

Gepostet von РК Металург am Freitag, 12. Juni 2020