Трите македонски ракометни машки претставници во Купот на ЕХФ го дознаа рејтингот и можните ривали во второто по ранг европско клупско натпреварување под капата на Европската ракометна куќа.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија Металург доби директно место во 3 коло и ривалот нема да го дознае на ждрепката во вторник на 16 јули и ќе нема обврски до ноември.

Скопски Бутел и битолски Пелистер, се најдоа во групата на носители во 2 коло.Ждрепката за 1 и 2 коло ќе се одржи на 16 јули, додека за 3 коло Металург ќе чека до 15 октомври кога ќе го дознае својот противник во Купот на ЕХФ.