Во Автокоманда се одигра пријателска средба меѓу Металург и тимот на КЛ7.

Двете екипи се подготвуваат за вториот дел од сезоната, па се во фаза на воигрување на своите екипи.

Во првото полувреме прволигашот КЛ7 му пружи солиден отпор на Металург, кој е водечки во македонската Суперлига. Резултатот по првите 30 минути беше 12:12.

Но, во второто полувреме Металург значително го засили темпото, кое КЛ7 веќе не можеше да го следи. Разликата растеше во полза на домашниот тим и при крајот ги достигна максималните +11. Конечниот резултат од овој натпревар е 30:20.

Металург – КЛ7  30:20 (12:12)

Стрелци за Металутг: Поповиќ 2, Јагуриновски 4, Лазаревски 1, Чантурија 4, Пецаковски 3, Маркоски 1, Шилегов 2, Кбилашвили 2, Арсеновски 1, Кондев 3, Серафимов 4, Младеновиќ 2 и Вујовиќ 1.

Стрелци за КЛ7: Ѓорѓиев 4, Димовски 2, Стојков 4, Симоновски 3, Бучески 2, Даев 2, Василев 1 и Илиески 2.

Фото: РК Металург