Тјери Мвумби Готие од ДР Конго со својот изглед го привлече вниманието на Мундијалот во Египет, корпулентен и навистина многу тежок, но и подвижен, ги одигра сите мечеви за својата репрезентација.

На заминување од Мундијалот, нашите Стоилов и Пешевски ја искористија можноста да ги „обединат килограмите“ со  Тјери Мвумби Готие и со заедничка фотографија се одјавија од Мундијалот.