Препораките на Владата и на министерот за здравство Венко Филипче, спортските натпревари да се играат без публика не го спречија РК Вардар пред безмалку полни трибини во СЦ „Јане Сандански“ да го пречека Монпелје во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Навивачите со годишни карти одлучија да го бодрат својот омилен клуб кој беше надигран од гостинот со 31:27.