Ракометарите на Вардар одиграа 28-28 против Кјеелце во рамки на 7.коло од Лигата на шампиони. Црвено-црните одиграа уште еден драматичен меч во кој имаа многу успони и падови, а на крајот стигнаа до реми и покрај големите проблеми со повредени ракометари.

Овој меч имаше посебна специфичност поради миленикот на „Комитите“ Игор Карачиќ, кој за прв пат се врати во Скопје, откако изминатото лето потпиша во Полскиот гигант.

Најефикасен ракометар кај „црвено-црните“ беше Скубе со 7 погодоци, а кај гостите Јанц постигна идентичен број на голови како и средниот бек на Вардар.