Вардарци го имаа последниот тренинг пред утрешното заминување за Белорусија каде во сабота го играат натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите против Мешков.

 

Експедицијата утре претпладне заминува за Брест со цел да има доволно време за одмор и подготовка за натпреварот.

„Црвено-црните“ ќе се обидат да ги залечар раните по убедливиот пораз од Кјелце минатиот викенд на гостински терен и да ги задржат шансите за едно од првите 3 позиции.