Ракометарите на Металург продолжија со играње на пријателски средби, во рамките на своите подготовки за вториот дел од сезоната.

Денеска тие во Автокоманда лесно се справија со српскиот прволигаш Врање, кого го поразија со 18 голови разлика.

Македонскиот тим немаше никакви проблеми на оваа средба и од самиот почеток создаде недостижна предност од 8 гола, 10:2. Првиот дел заврши со резултат 24:13.

Слично се играше и во второто полувреме, па разликата во еден момент достигна и до +21.

РК Металург – РК Врање  47:29 (24:13)

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Арсеновски 3, Кондев 4, Јагуриноски 2, Поповиќ 13, Пецаковски 1, Шилегов 9, Танкоски 3, Мариќ 2, Серафимов, Лазаревски, Младеновиќ 4, Чантурија 1, Кбилашвили 1. Додиќ 3 и Маркоски 1.   Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 8 минути.

РК Врање: Брети, Анџелковиќ, Јовановиќ, Барјактаревиќ 3, Стефановиќ, Станојковиќ 3, Павловиќ 7, Чоловиќ 6, Ритиќ, Димитријевиќ 7, Настиќ, Костиќ 1, Стаменковиќ 2 и Бошковиќ.   Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 4 минути.

Фото: РК Металург